јануари 10, 2024

КЛУБ НА ЧИТАТЕЛИ

Во Црвен крст Охрид секогаш ги охрабруваме волонтерите да ги искажуваат своите мислења, ги мотивираме да ги разработат своите идеи, но и им помагаме да ги реализираат истите 😊.
Токму така, овој месец, на иницијатива на волонтерките Јана Каралиевска и Исидора Маркоска од Клубот на млади, во Црвен крст Охрид го враќаме повторно клубот на читатели за сите љубители на книгата.
Kнигата која беше одбрана за читање за месец јануари е делото “Убиство во Ориент – Експрес” од светски познатата писателка Агата Кристи, еден од нејзините најпознати детективски романи со препознатливиот карактер на Херкул Поаро.
Очекувајте повеќе информации наскоро за првата официјална средба на клубот на читатели на Црвен крст Охрид.
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад