март 27, 2024

КЛУБ НА ЧИТАТЕЛИ

Во Црвен крст Охрид секогаш ги охрабруваме волонтерите да ги искажуваат своите мислења, ги мотивираме да ги разработат своите идеи, но и им помагаме да ги реализираат истите.
Токму така, од месец декември, на иницијатива на волонтерките Јана Каралиевска и Исидора Маркоска од Клубот на млади, во Црвен крст Охрид го вративме повторно клубот на читатели за сите љубители на книгата.
Книгата која беше одбрана за читање за месец март е делото “Пред да се излади кафето” од писателот Тошиказу Кавагучи, меѓународниот бестселер што го истражува вечното прашање: “Што би промениле да имате можност да се вратите во времето?”
Очекувајте повеќе информации наскоро за следната средба на клубот на читатели на Црвен крст Охрид.
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад