март 25, 2024

КЛУБ НА ЧИТАТЕЛИ

Од месец декември, на иницијатива на волонтерките Јана Каралиевска и Исидора Маркоска од Клубот на млади, во Црвен крст Охрид се отвори повторно клубот на читатели за сите љубители на книгата.
Книгата која беше одбрана за читање за месец февруари, делото “Парфем” од писателот Патрик Зискинд, беше обработена и дискутирана на четвртиот состанок на клубот минатата недела на 24.3.2024.
На истата учествуваа 8 членови на клубот кои имаа можност да ги споделат своите ставови за книгата. Како дополнителна активност, секој од учесниците имаше можност да изработи свој парфем од етерични масла за да се соживее повеќе со карактерот на главниот лик.
Очекувајте информации во наредните денови за следните активности и книгата за месец март.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад