февруари 11, 2024

КЛУБ НА ЧИТАТЕЛИ

Во Црвен крст Охрид секогаш ги охрабруваме волонтерите да ги искажуваат своите мислења, ги мотивираме да ги разработат своите идеи, но и им помагаме да ги реализираат истите .
Токму така, од минатиот месец, на иницијатива на волонтерките Јана Каралиевска и Исидора Маркоска од Клубот на млади, во Црвен крст Охрид го вративме повторно клубот на читатели за сите љубители на книгата .
Книгата која беше одбрана за читање за месец февруари е делото “Парфем” од писателот Патрик Зискинд, еден од најпознатите трилери на европската современа литература.
Очекувајте повеќе информации наскоро за следната средба на клубот на читатели на Црвен крст Охрид.
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад