февруари 3, 2024

КЛУБ НА ЧИТАТЕЛИ

Од месец декември, на иницијатива на волонтерките Јана Каралиевска и Исидора Маркоска од Клубот на млади, во Црвен крст Охрид се отвори повторно клубот на читатели за сите љубители на книгата .
Книгата која беше одбрана за читање за месец јануари, делото “Убиство во Ориент – Експрес” од светски познатата писателка Агата Кристи, беше обработена и дискутирана на вториот состанок на клубот минатата недела на 28.1.2024.
На истата учествуваа 8 членови на клубот кои имаа можност да ги споделат своите ставови за книгата, како и да се запознаат меѓу себе и да се подружат.
Очекувајте информации во наредните денови за следните активности и книгата за месец февруари.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад