февруари 16, 2023

КАРИЕРНО СОВЕТУВАЊЕ ВО КЛУБ НА МЛАДИ

Како и минатата година, земајќи ги в предвид потребите на волонтерите во Клубот на млади се одржа сесија за кариерно советување.
 
На истата околу 20 волонтери, воглавно од трета и четврта година средно, се запознаа со тоа како можат да ги откријат своите интереси, своите квалитети, како и тоа што следи понатаму во однос на бирањето на нивната професионална кариера.
 
Сесијата ја одржаа советничките за кариерно советување Марија Коваческа и Ана Топенчарова Коваческа на 9 февруари.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад