февруари 21, 2025

КАРИЕРНО СОВЕТУВАЊЕ

На последниот редовен состанок на Клубот на млади со почеток од 20:00ч, Црвен крст Охрид во своите простории организираше работилница на тема КАРИЕРНО СОВЕТУВАЊЕ.

На предавањето присуствуваа 21 млади, а истото беше одржано од страна на м-р Марија Коваческа.

Целта на работилницата беше да им помогне на учесниците да ги идентификуваат своите вештини, интереси и кариерни можности, како и да ги развијат потребните компетенции за успешно градење на нивната професионална иднина.

Присутните имаа прилика подлабоко да навлезат на темите како:

Кој се придобивките од кариерно советување

Подобро самоспознавање

Подкотовка на професионално CV и мотивациско писмо

Истражување на кариерни можности

Мотивација и инспирација

#ЦрвенКрст#ЦКмлади

< врати се назад