декември 29, 2023
КARAOKE ЗАБАВА
Во рамките на социјално – хуманитарниот младински проект “ Стопли нечиј дом и срце”, уште една од групите на волонтери од Црвен крст Охрид организираа хуманитарна караоке забава во Ликвид.
Целта на активноста беше преку забава да се потикне хуманиот дух на младите охриѓани и со заеднички сили да му помогнеме на нашиот сограѓанин Петар Попоски, на кој му се потребни финансиски средства за лекување.
Петар има 22 години и боледува од ретка болест Tyrosine Hydroxylase deficit. Хируршката интервеција не може да се изведе во Македонија, поради тоа мора да се оперира во Турција и се потребни околу 50 илјади евра.
На настанот како специјални гости настапија следните млади таленти и ги мотивираја присутните да ја испеат нивната омилена песна :
– Мила Тотеска,
– Теодора Јанева,
– Димитар Веслиевски,
– Лора Ристеска,
– Ивона Тасеска,
– Јана Каралиевска,
– Наталија Танеска,
– Марија Перовска,
– Христијана Арнаудоска.
Се заблагодаруваме на кафулето Ликвид, волонтерите, специјалните гости и сите присутни за нивната хуманост. Охрид уште еднаш покажа колку се охриѓани хумани.