март 9, 2019

Кампања за ретки болести

Црвен крст Охрид беше дел од глобалната кампања за Денот на ретките болести каде темата за оваа година беше “ Ги запознаваме ретките болести”. Волонтерите од Клуб на млади на Црвен крст Охрид во рамки на кампањата, на 22 февруари присуствуваа на филмот “Лицата на Лафора” на Институтот за филмска уметност, а после тоа беа дел од организирана забава каде сите ги боеја своите лица во поддршка на лицата со ретки болести. Настанот во Охрид бeше организиран од граѓанскиот активист Гордана Лолеска со поддршка на општина Охрид, Институт за Филмска уметност, Супер Радио и други.

< врати се назад