декември 29, 2023
КАМПАЊА ПО ПРВА ПОМОШ
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Охрид долгогодишно активно работи на планот на унапредување и развој на дејноста во делот на првата помош сега со посебен придонес во образовните институции каде уште од најмала возраст се обучуваат младите како правилно да укажат помош таму каде што е потребна. Првата помош е непроценлива животна вештина која децата треба да ја надоградуваат во текот на животот .
Од 3 ноември до 25 декември 2023 година Општинска организација Охрид се вклучи во националната кампања на Црвен крст на РСМ и спроведе едукации во сите 13 училишта на територијата на општина Охрид и Дебрца. Спроведени беа обуки од страна на 5 предавачи и 5 демонстратори обучени за прва помош од Општинска организација Охрид и опфатени беа вкупно 501 ученик на возраст од 12 до 18 години. Тематската област на едукациите вклучуваше обука за укажување на прва помош односно срцево-белодробно оживување (реанимација), задушување со страно тело, различни видови крварења, скршеници, изгореници и смрзнатини. Обуките беа проследени со големо внимание и заинтересираност од страна на учениците .
Последно беше реализирана онлајн обуката за учениците од средното угостителско и туристичко училиште “Ванчо Питошески”, кои немаа можност да ја проследат обуката со физичко присуство поради реновирањето на нивното училиште .
Изразуваме голема благодарност за соработката и укажаната доверба до сите основни и средни училишта во Охрид и Дебрца .