декември 19, 2023

КАМПАЊА ПО ПРВА ПОМОШ

Црвен крст Охрид продолжува со кампањата по Прва помош за млади.
 
Тематската област на едукациите вклучуваше обука за укажување на прва помош односно срцево-белодробно оживување (реанимација), задушување со страно тело, различни видови крварења, скршеници, изгореници и смрзнатини.
 
Претходно опфатени училишта во оваа кампања: ОУ “Христо Узунов”, ОУ “Св. Климент Охридски”, ОСУ “Св. Климент Охридски”, ООУ “Ванчо Николески” – Лескоец, ООУ “Григор Прличев” и ООУ “Кочо Рацин”.
 
Одржавме нови едукации во училиштата ОУ “Св. Наум Охридски” – Пештани, ОУ “Дебрца” и ОУ “Живко Чинго” – Велгошти . Изразуваме голема благодарност за соработката и укажаната доверба до овие училишта!
 
Продолжуваме и понатака со оваа кампања во останатите училишта!
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад