ноември 13, 2023
КАМПАЊА ПО ПРВА ПОМОШ
Црвен крст Охрид продолжува со кампањата по Прва помош за млади. Како организација, долгогодишно активно работиме на планот на унапредување и развој на дејноста во делот на првата помош со посебен придонес во образовните институции каде уште од најмала возраст се обучуваат младите како правилно да укажат помош таму каде што е потребна. Првата помош е непроценлива животна вештина која децата треба да ја надоградуваат во текот на животот.
Тематската област на едукациите вклучуваше обука за укажување на прва помош односно срцево-белодробно оживување (реанимација), задушување со страно тело, различни видови крварења, скршеници, изгореници и смрзнатини.
Претходно опфатени училишта во оваа кампања: ОУ “Христо Узунов”, ОУ “Св. Климент Охридски” и ОСУ “Св. Климент Охридски”
Одржавме нови едукации во училиштата ООУ “Ванчо Николески” – Лескоец и ООУ “Григор Прличев”. Изразуваме голема благодарност за соработката и укажаната доверба до овие училишта!
Продолжуваме и понатака со оваа кампања во останатите училишта!