
КАМПАЊА ЗА РЕГРУТАЦИЈА НА МЛАДИ ВОЛОНТЕРИ
Во рамки на програмата на Клубот на млади при Црвен крст Охрид, во периодот од 01.09 до 07.10, Клубот на млади реализира кампања за регрутација на млади волонтери под мотото #МладиЗаОхрид.
Кампањата има за цел да ја поттикне младинската активност, волонтерскиот дух и хуманоста кај младите. Со ова сакаме да создадеме простор каде младите ќе можат: да развиваат солидарност, хуманост и емпатија, да стекнат практични вештини за прва помош, социјална акција и хуманитарни проекти, да придонесуваат за подобрување на заедницата, Да го развиваат своето лично лидерство и тимска работа.
Кампањата се состои од активности кои ќе се одржуваат секоја сабота:
-06.09 – Game Night – 20:00ч, Црвен крст Охрид;
-13.09 – Movie Night – 20:00ч Црвен крст Охрид;
-20.09 – Забава – ???
-27.09 – #МладиЗаОхдид – 12:00ч – Градски плоштад;
-04.10 – “ROCK AND MOB” – 14:00ч – Градски плоштад;
Со кампањата #МладиЗаОхрид градиме силна младинска заедница, полна со солидарност, тимска работа и позитивна енергија.
Следете нè за повеќе информации и приклучете се – заедно правиме промена!
#Црвенкрст#ЦКмлади#МладиЗаОхрид
