септември 18, 2025

Kамп „5 години под ѕвездите“

Во периодот од 12 до 15 септември 2025 година, двајца наши волонтери беа дел од кампот „5 години под ѕвездите“ во Струмица, на покана на ООЦК Струмица.

Тие имаа можност да се едуцираат за правилно постапување при шумски пожари, а истовремено да уживаат во авантурите – искачување на врвот „Ѕвездин Врв“ и посета на културното богатство „Ѓаолскиот мост“.

Нашите волонтери се вратија со прекрасни впечатоци од забавата и игрите во кои активно учествуваа.

#Волонтери#ПодЅвездите#ХуманостНаДело#ООЦК

< врати се назад