
февруари 16, 2025
КАКО ПОЛЕСНО ДА ДОНЕСАМ ОДЛУКА ЗА НА ФАКУЛТЕТ
Клубот на млади при Црвен крст Охрид, овој викенд организираше многу интересна и корисна работилница за младите на тема кариерно советување насловена КАКО ПОЛЕСНО ДА ДОНЕСАМ ОДЛУКА ЗА НА ФАКУЛТЕТ.
На оваа работилница присуствуваа 23 млади, а истата беше одржана од страна на Борче Исакоски – поранешен Лидер на Клуб на млади.
Присутните ги идентификуваа своите професионални интереси, вештини и можности, со цел да донесат информирани одлуки за својата кариера.
На истата тема продолжуваме да дискутираме заедно со Марија Коваческа – лиценциран кариерен советник на 19.02.2025 (среда) и 26.02.2025(среда) во просториите на Црвен крст Охрид со почеток од 20:00ч.




