јули 1, 2022

Како да се однесуваме при високи температури!

 
– Топлотните бранови се главната причина за предвремени смртни случаи поврзани со климатските промени, особено во старата популациона група и хронично болните.
– За време на топлотните периоди, важно е да се оддржи свежина, за да се избегнат негативните здравствени ефекти на топлината. 
 
Заштитете се од топлина:
 
– Ограничете го физичкиот напор. Ограничете ја физичката активност, особено во попладневниот период на денот, кога е најтопло.
Носете светла облека и лесна облека, наочари за УВ заштита и капа.
Користете креми со заштитен УВ фактор.
Следете ги препораките на здравствените установи.
Избегнувајте непотребно излегување надвор во период од 10 до 17 часот.
Одбегнувајте алкохол и акохолни пијалоци, како и пијалоци што содржат кофеин како и екстремно ладни пијалоци.
– Избегнувајте премногу масна и високо калорична храна, како и храна која содржи шеќери.
< врати се назад