март 27, 2025

КАКО ДА ГИ ПРЕПОЗНАЕТЕ И СПРЕЧИТЕ АЛЕРГИИТЕ?

Како резултат на соработката на Црвен крст Охрид со Канцеларијата на Референтниот центар „Жан Митрев“ клиника во Охрид, денеска, во просториите на Црвен крст Охрид, се одржа едукативно предавање за алергиите со д-р Димче Марковски, специјалист по оториноларингологија во „Жан Митрев“ Клиника кој разговараше со сите заинтересирани за алергиските реакции предизвикани од прашина, полен, мувла, грини, намалувањето на имунитетот предизвикано од стрес, како и за стратегиите за справување со овие проблеми.

🤧Алергијата е имуно-посредувана хиперсензитивност која се јавува кога телото е сензибилизирано на алергии. Најчести причини за алергии се иритантите на дишните патишта (прашина, грини, полен, мувла). Друга група за алергија се лекови и храна, зачини и одредени бои во конзервирана и подготвена храна. Имунолошкиот систем претставува комбинација од специфични молекуларно компоненти, клетки и органи чија функција е заштита на организмот од патогени микроорганизми и надворешни влијанија и чистење на организмот од оштетени или нефункционални клетки. Но, ако клетките и органите редовно не ги добиваат сите потребни нутриенти, минерални и витамини, антиоксиданси, нашиот имунитет нема да го обезбеди потрбното ниво на одбрана на организмот…

💬Информирајте се за правилна, ефикасна и активна грижа за сопственото здравје.

#ЦрвенКрст

< врати се назад