
Како да ги препознаеме и спречите алергиите?
Со доаѓањето на пролетта се интензивираат и алергиските реакции кај голем дел од нашите сограѓани. Токму затоа, Црвен крст Охрид во партнерство и соработка со Канцеларијата на Референтниот центар „Жан Митрев“ клиника во Охрид, четврток, 27 март го посветува на едукација за алергијата.
Во 11 ч. во просториите на Црвен крст Охрид, д-р Димче Марковски, специјалист по оториноларингологија во „Жан Митрев“ Клиника ќе разговара со сите заинтересирани за алергиските реакции предизвикани од прашина, полен, мувла, грини, намалувањето на имунитетот предизвикано од стрес, како и за стратегиите за справување со овие проблеми.
Претходно, охриѓани ќе имаат можност, со јавување на телефон 071/313 301, да закажат и бесплатни индивидуални разговори/консултациии со д-р Марковски во периодот од 13-16 ч. во Канцеларијата на Референтниот центар „Жан Митрев“ клиника во Охрид.
Алергијата е имуно-посредувана хиперсензитивност која се јавува кога телото е сензибилизирано на алергии. Најчести причини за алергии се иритантите на дишните патишта (прашина, грини, полен, мувла). Друга група за алергија се лекови и храна, зачини и одредени бои во конзервирана и подготвена храна. Имунолошкиот систем претставува комбинација од специфични молекуларно компоненти, клетки и органи чија функција е заштита на организмот од патогени микроорганизми и надворешни влијанија и чистење на организмот од оштетени или нефункционални клетки. Но, ако клетките и органите редовно не ги добиваат сите потребни нутриенти, минерални и витамини, антиоксиданси, нашиот имунитет нема да го обезбеди потрбното ниво на одбрана на организмот…
Информирајте се за правилна, ефикасна и активна грижа за сопственото здравје.
