март 4, 2024

К О Н К У Р С за обука на Негувател/ка за помош и нега на стари лица

Врз основа на верификација на посебна програма на Центарот за образование на возрасни и решението од страна Министерството за образование и наука на РСМ, за Негувател/ка за помош и нега на стари лица, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Охрид распишува:

К О Н К У Р С

за обука на Негувател/ка за помош и нега на стари лица

Сите заинтересирани лица од општина Охриди општина Дебрца кои сакат да ја следат обуката и се стекнат со верификуван сертификат за негувател/ка на стари лица можат да се пријават на овој конкурс кој ќе трае во периодот од 04.03. до 15.03.2024 година.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

– Да се државјани на Република Северна Македонија;

– Да се полнолетни;

– Да имаат завршено минимум средно образование;

– Да се со општа психо-физичка и здравствена способност за работа;

– Да бидат мотивирани да нудат помош и нега на стари лица;

– Да бидат мотивирани по обуката да бидат вклучени во Центарот за нега при Црвен крст Охрид

Потребни документи:

– Уверение за државјанство на РСМ

– Документ за лична идентификација (лична карта, пасош)

– Доказ за завршено образование

Заинтересираните кандидати можат да се пријават и искажат интерес на телефоните: 046 261 909 и 070 315 309 или на е-маил: ohrid@redcross.org.mk,а потребните документи треба да ги достават во просториите на Црвен крст Охрид, ул. Димитар Влахов бр. 52, најдоцна до 15.03.2024 до 15 ч.

Секој уредно пријавен кандидат ќе биде повикан на интервју.

Напомена: Кандидатите кои ги исполнуваат барањата и критериумите ќе посетуваат соодветна обука според верификувана програма, спроведена од стручен тим на предавачи и демонстратори.

По успешно завршената обука кандидатот се стекнува со признат високообразовен сертификат за негувател/ка за помош и нега на стари лица.

По успешно завршената обука кандидатите ќе имаат можност да бидат работно ангажирани како негуватели во Нега Центарот на Црвен крст Охрид.

May be an image of one or more people and text
< врати се назад