март 7, 2025

Јазовец во Лескоечка Пештера

ационалниот парк Галичица е првото заштитено подрачје во Северна Македонија во коешто се спроведува редовен мониторинг на пештерски екосистеми. Оваа активност се реализира во рамките на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“.

Благодарение на воспоставениот мониторинг, во Лескоечка Пештера е евидентиран јазовец.

Јазовецот (𝓜𝓮𝓵𝓲𝓷𝓪𝓮) претставува ѕвер и припаѓа во семејството цицачи. Се храни со мали цицачи што живеат под земја. Активен е ноќе, а пленот го лови благодарение на добро развиените сетила за мирис, вид и слух. Со канџите и силните предни нозе копа тунели во потрага по плен. Јазовецот живее самостојно. Се пари во доцно лето или рана есен. Женките окотуваат од 1 до 5 млади, во подземно дувло обложено со трева. Младите се раѓаат слепи и се беспомошни, па затоа мајката се грижи за нив уште 5 до 6 недели.

Проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“ е поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT, а го спроведуваат Црвен крст Охрид и Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ од Скопје во соработка со Јавната установа Национален парк Галичица.

Exploring Society “Ursus Speleos” //\\ Истражувачко Друштво “Урсус Спелеос”

National Park Galicica

0:04 / 0:10

0:03 / 0:10

https://www.facebook.com/100064704307412/videos/pcb.1069833768516757/8993537420773110

https://www.facebook.com/100064704307412/videos/pcb.1069833768516757/2102420593574229

< врати се назад