август 27, 2024
Јане Петков -„човек амфибија“
Во рамки на Охридскиот Фестивал на Вода 2024 вчера, во просториите на Црвен крст Охрид охриѓани имаа можност од таканаречениот „човек амфибија“ Јане Петков да слушнат за
неверојатните можности на човечкиот дух, за силината на мислата и вољата која во комбинација со посебни техники на дишење тој ги применува во животот, а особено при изведување на подвизи кои се граничат со човечките можности.
Eден од предизвиците на седумдесетгодишниот Јане Петков ќе биде и денешниот, врзан со лисици на рацете и во вреќа, потопен на дното на Охридското езеро, да се ослободи и излезе на површината од езерото.
Овој атрактивен настан започнува во 12 ч. на плажата Сарајште во Охрид.