октомври 19, 2026

ИЗВЛЕКУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ ОД АКЦИЈАТА „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО”

Денес (19.10.2026), со почеток во 17:00 часот, ќе бидат извлечени главните награди од хуманитарната и спортско-рекреативна акција на Црвен крст Охрид „За посреќно детство“. Во извлекувањето ќе учествуваат броевите на сите талончиња купени за време на акцијата.

Подгответе ги талончињата и следете го извлекувањето на наградите во живо, на следниот линк: https://www.youtube.com/live/8TvUe_ucW3o

Доколку биде извлечен бројот на Вашето талонче, донесете го талончето во просториите на Црвен крст Охрид за да ја подигнете наградата.

Ви изразуваме голема благодарност што ја поддржавте акцијата „За посреќно детство“!

< врати се назад