април 16, 2024

Известување

Од името на Црвен крст на Република Северна Македонија сакаме да ве информираме дека деновиве на социјалните мрежи има објави на профил “Boring Generous” дека во нашата држава е пристигната помош за Црвениот крст наменета за лица со дијабетес кој го лекува дијабетесот за неколку дена. Сакаме да ја информираме пошироката јавност дека се работи за дезинформации и невистини кои немаат никаква допирна точка со Црвениот крст.
Искрено замолуваме да не се користи името на Црвениот крст на РСМ за приватни цели и ширење дезинформации. Сакаме да потсетиме дека употребата на амблемот и името на Црвениот крст се строго заштитени и уредени со Женевските конвенции и Дополнителни протоколи и Законот за Црвен крст на РСМ и секоја злоупотреба на амблемот и името на Црвениот крст и повреда на овие одредби подразбира соодветни законски мерки кон прекршителите.
Со почит,
Црвен крст на Република Северна Македонија.
< врати се назад