
Избори за ново раководство на клубот на млади
На 29.04.2026 во просториите на Црвен крст Охрид младите волонтери го избраа новото раководство коешто ќе ги води во наредните две години односно за време на мандатот 2026 – 2028 година на овогодинешните избори.
На изборниот состанок право на глас остварија 36 членови на Црвен крст Охрид, со што изборите поминаа според сите регуларности и правила. За тоа се погрижија телата формирани за реализирање на изборите т.е. работното претседателство кое се состоеше од Иво Георгиески како претседател, Јована Шутароска и Михаела Плевнароска, изборната комисија составена од Михаела Плевнароска – претседател, Тео Јованоски и Стефани Шапевска, кандидационата комисија составена од Јована Шутароска- претседател, Елена Павловска и Лина Јоноска и записничар – Ивона Аврамоска.
Изборниот состанок го отвори лидерот во заминување Иво Георгиески во присуство на волонтерите, кандидатите за ново координативно тело, членовите, и претставници на општинската организација.
За нов лидер на Клубот на млади едногласно беше избран Ангел Крстески, додека за заменик – лидер со мнозинство гласови Теона Талевска. За членови на координативното тело беа избрани кандидатите: Анастасија Треноска, Тамара Зенгоска и Теофанија Костовска.
Се заблагодаруваме на сите оние кои присуствуваа на изборниот состанок, на досегашното раководство на Клубот на млади кои успешно и напорно ги водеше волонтерите изминатите две години, и му посакуваме среќа на новото раководство да продолжи да го прави истото во наредниот период









