мај 17, 2024

ИЗБОРИ ЗА НОВО РАКОВОДСТВО НА КЛУБ НА МЛАДИ

На ден 15.5.2024 во просториите на Црвен крст Охрид младите волонтери го избраа новото раководство коешто ќе ги води во наредните две години односно за време на мандатот 2024 – 2026 година на овогодинешните избори.
 На изборниот состанок право на глас остварија 43 членови на Црвен крст Охрид, со што изборите поминаа според сите регуларности и правила. За тоа се погрижија телата формирани за реализирање на изборите т.е. работното претседателство кое се состоеше од Борче Исакоски како претседател, Калина Стојаноска и Методија Стојаноски, комисијата за гласање составена од Ивана Котеска – претседател, Сара Петковска и Стефанија Битолкоска, записничар – Ѕвездан Јончевски и неговиот оверувач – Петар Целакоски.
Изборниот состанок го отвори лидерот во заминување Борче Исакоски во присуство на волонтерите, кандидатите за ново раководство кои ги претставија своите програми, членовите, и претставници на општинската организација т.е. секретарот Мимоза Ставрева и стручните работници Даниела Вељановска и Ранко Раткушиноски.
За нов лидер на Клубот на млади со мнозинство гласови беше избран Иво Георгиески, додека за заменик – лидер Сара Петкоска 💫. За членови на координативното тело беа избрани кандидатите : Анастасија Атесленко, Софија Стојаноска, Теона Талевска, Давид Тризагароски и Ангел Крстески.
Се заблагодаруваме на сите оние кои присуствуваа на изборниот состанок, на досегашното раководство на Клубот на млади кои успешно и напорно ги водеше волонтерите изминатите две години, и му посакуваме среќа на новото раководство да продолжи да го прави истото во наредниот период.
 
 
 
 
 
 
 
 
Можно е да е слика од 7 луѓе и текст
Можно е да е слика од 11 луѓе, луѓе студираат, болница и текст
Можно е да е слика од 2 луѓе и текст
Можно е да е слика од 2 луѓе, торба со алатки и текст
Можно е да е слика од 4 луѓе, луѓе студираат, маса и текст
 
 
 
< врати се назад