мај 24, 2019

ИЗБОРИ КЛУБ НА МЛАДИ 2019-2021

Масовно, демократски, во позитивна атмосфера младите од Клубот на млади при Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Охрид на 23.05.2019г. организираа изборен процес каде  избраа Лидер и Заменик Лидер на Клубот на млади, координативно тело и претставник од Клубот на млади од Оппштинска организација Охрид во Советот на млади на Црвен крст на Република Македонија. Во наредниот двегодишен мандат Анастасија Стојаноска и Гзим Демироски ќе ги предводат младите на Општинска организација Охрид во спроведување на хуманата мисија на движењето, во справување со нови предизвици, надградувајќи се себеси и заедницата и помагајќи на оние на кои помош им е најпотребна.

Упатуваме честитки на избраните Лидер и Заменик Лидер на Клубот на млади, на членовите на координативното тело и на претставникот од Клубот на млади на Општинска организација Охрид во Советот на млади на Црвен крст на Македонија.

Воедно изразуваме голема благодарност и признание на ангажманот и посветеноста на мисијата на движењето на Црвениот крст на досегашните Лидер, Бисера Николоска и Заменик Лидер, Ристе Лекоски. Црвен крст Охрид

< врати се назад