јуни 20, 2023

Инвентаризација на пештери во Националниот парк Галичица

Инвентаризацијата е значајна алатка за утврдување на бројот на пештери во заштитеното подрачје Национален парк Галичица и нивните спелеолошки одлики, за евидентирање на видовите кои живеат во нив и нивната бројност. Преку инвентаризацијата се утврдува состојбата, зачуваноста и значењето на пештерските екосистеми.
 Инвентаризацијата на пештерите во Националниот парк Галичица ја спроведува експерстки тим од Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ – Скопје во рамките на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“. Главната цел на ова истражување е споделување научни факти со локалното население и со пошироката јавност за значењето на пештерските екосистеми и нивното зачувување.
Проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“ е поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT, a го спроведуваат Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Охрид и Истражувачко друштво „Урсус спелеос“ – Скопје, во соработка со Национален парк Галичица.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
May be an image of 1 person and climbing
May be an image of 1 person and text that says '9 HEADL LEU'
May be an image of 3 people and people climbing
 
 
 
 
< врати се назад