International youth meeting Solferino 2019
Во периодот од 17-23.06.2019 тројца волонтери од клубовоте на млади при ООЦК Охрид, ООЦК Битола и Црвен крст на град Скопје присуствуваа како делегација на младиндиска конференција во Солферино, Италија.
Заедно со млади волонтери од 130 држави имаа можност меѓусебно да запознаат, споделат искуства, да научат едни од други, да го посетат интернационалниот музеј на Црвен крст и Црвена полумесечина, како и да учествуваат во дискусии на работилниците за програмите У.E.S, IFCR S2030, YABC, Climate change, Substance Abuse, Voices from Solferino Leadership.
Тука е и панел дискусијата со Претседателот Франческо Рока и Генералниот секретар на Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечинаи, Elhadj As Sy на која младите имаа можност да се запознаат со нив и да им постават прашања.
Fiaccolata која е огромен настан во кој што младите заедно со 7000 волонтери од цел свет одеа по патот по кој се движеле сестрите кои им помагале на ранетите војници од битката меѓу Француската и Австриската војска, од Солферино до Кастиљоне, кој се случи на крајот на кампот.
Мартин: “Многу дружба, работилници и позитивно искуство, од овој камп се вративме мотивирани и спремни да ги искористиме новостекнатите вештини. На работилниците се зборуваше за проблемите на кои ќе се фокусира Црвен крст до 2030 година, врснички едукации, регрутирање и мотивација на нови волонтери, ментално здравје меѓу младите и што ние како организација може да направиме, лидерство и тимска работа, соработка меѓу Националните друштва и многу други теми.
Имавме и интернационална вечер на која ја претставивме нашата држава и нашето Национално друштво пред учесниците и ги споделивме нашите активности.”