
Информација за оддржана завршна работилница за евалуација и научени лекции во рамки на ДРЕФ Операција 2025 – Пожар во ноќен клуб во Кочани
Во периодот од 13 до 15 јули 2025 година, во Тренинг Центар Солферино – Струга, беше одржана завршната работилница за евалуација и научени лекции во рамки на проектот „ДРЕФ Операција 2025 – Пожар во ноќен клуб во Кочани“, поддржан од Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина.
На работилницата учествуваа волонтери и вработени на Црвениот крст на Република Северна Македонија, кои беа директно вклучени во одговорот на трагичниот настан, како и претставници од Центарот за управување со кризи, Комората на психолози, Општата болница Кочани, ДПД Кочани, Територијалната противпожарна единица Кочани, училишниот психолог од ОУ Кирил и Методиј – Кочани, како и делегати од Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина.
Работилницата беше фокусирана на оперативна рефлексија и координација, преглед на преземените активности, институционален одговор, партнерства и меѓусебна соработка, научени лекции, добри практики и препораки, како и планирање и подготвеност за дејствување при идни итни ситуации.
Овој настан претставуваше важна можност за сите вклучени страни да разменат искуства, да направат критичка евалуација на одговорот и да ги дефинираат следните чекори за поефикасна интервенција во идни слични настани.





