јуни 27, 2025

Хуманоста на дело – „Зготви и подари“ во рамки на Неделата на Црвениот крст

Во рамки на активностите од социјално-хуманитарна дејност, а по повод Неделата на Црвениот крст на Република Северна Македонија, денес, Црвен крст Охрид се приклучи кон благородната иницијатива на охридската хуманистка Весна Миленкоска – „Зготви и подари“.

Оваа хумана акција, која трае веќе повеќе од четири години, секој последен четврток од месецот носи оброк на семејства во социјален ризик, со поддршка од хуманите граѓани на Охрид.

Денес, со помош на волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст Охрид, беше приготвен и доставен оброк до семејство на кое му е најпотребна помош. Заедно покажавме дека секој гест на добрина има моќ да донесе промена.

Целта на оваа заедничка акција е:

Поттикнување на солидарноста

Подигнување на јавната свест за донирање храна

Поддршка за оние кои немаат можност за редовни дневни оброци

Голема благодарност до Весна за нејзината хуманост која не познава граници.

< врати се назад