
декември 9, 2023
ХУМАНИТАРНО ПОЕТСКО ЧИТАЊЕ
Во рамките на социјално – хуманитарниот младински проект “Стопли нечиј дом и срце”, волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст Охрид и културолошка иницијатива “5 до 12” организираат поетско читање под познатото мото “Имам нешто да ти кажам”.
Целта на активноста е повторно да го рашириме уметничкиот дух на младите Охриѓани во ова предновогодишно издание на “Имам нешто да ти кажам”, и со заеднички сили да му помогнеме на нашиот сограѓанин Петар Попоски на кој му се потребни финансиски средства за лекување.
Петар има 22 години и боледува од ретка болест Tyrosine Hydroxylase deficit. Хируршката интервенција не може да се изведе во Македонија, поради тоа мора да се оперира во Турција и се потребни околу 50 илјади евра.
– ПОЧЕТОК : 19 : 30
– 14.12.2023 – ЧЕТВРТОК
– SHILLA – COFFEE & BAR
– ВЛЕЗНИЦИ : 150 ДЕНАРИ
Ги мотивираме сите заинтересирани млади поети да се пријават со порака во инбокс. За крај, ги покануваме сите граѓани на овој настан за заедно да покажеме уште еднаш колку се Охрид и Охриѓани хумани .
