декември 20, 2023

ХУМАНИТАРНО ПОЕТСКО ЧИТАЊЕ

Во рамките на социјално – хуманитарниот младински проект “Стопли нечиј дом и срце”, волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст Охрид и културолошка иницијатива “5 до 12” организираа поетско читање на 14.12.2023 под познатото мото “Имам нешто да ти кажам” .
 Целта на активноста беше повторно да го рашириме уметничкиот дух на младите Охриѓани во ова предновогодишно издание на “Имам нешто да ти кажам”, и со заеднички сили да му се помогне на нашиот сограѓанин Петар Попоски на кој му се потребни финансиски средства за лекување.
Петар има 22 години и боледува од ретка болест Tyrosine Hydroxylase deficit. Хируршката интервенција не може да се изведе во Македонија, поради тоа мора да се оперира во Турција и се потребни околу 50 илјади евра.
 На настанот настапија 11 млади поети кои го претставија нивните оригинални творби, како и творбите од нивните омилени автори пред Охриѓани .
 За крај, се заблагодаруваме на сите учесници, волонтери, соработници, Shilla – coffee & bar, како и културолошка иницијатива “5 до 12” за поддршката и помошта при организирање на овој настан .
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
May be an image of 1 person and lighting
May be an image of 1 person and lighting
May be an image of 2 people
May be an image of 1 person and lighting
May be an image of 1 person and lighting
May be an image of 3 people
May be an image of 1 person, clarinet, flute and saxophone
May be an image of 1 person, lighting and bedroom
May be an image of 1 person
May be an image of 1 person
May be an image of 2 people
 
 
 
< врати се назад