јануари 22, 2021

Хуманитарни пакети

Општина Охрид и Дебарско кичевската епархија изминатата недела доделија 120 хуманитарни пакети наменети за социјално ранливите семејства од подрачјето на општината. Оваа активност е дел од одбележувањето на богојавленските празници. Хуманитарните пакети беа доставени до семејствата од страна на екипите на  Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Охрид и мобилните тимови на Општина Охрид.

< врати се назад