јуни 21, 2020

Хуманитарни пакети од USAID

Во текот на изминатата седмица (15.06.2020 – 21.06.2020), Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Охрид дистрибуираше хуманитарни пакети со прехранбени продукти и средства за хигиена, донирани од USAID. 

Согласно податоците испратени од Министерството за труд и социјална политика, односно од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Охрид, 130 комплети (еден пакет со храна и еден пакет со хигиенски средства) беа доставени до ранливи групи граѓани од Општина Охрид и од Општина Дебрца.

< врати се назад