декември 21, 2022

Хуманитарната акција „ВОЛШЕБНА ЕЛКА“

Остануваат уште 3 дена за исполнување на новогодишните желби на децата од социјално загрозени семејства, во рамки на хуманитарната акција „ВОЛШЕБНА ЕЛКА“ на Црвен крст Охрид и КАМ Village.
 
Се заблагодаруваме на сите кои зеле волшебен новогодишен лампион и ја исполниле желбата напишана во него, обезбедувајќи го подарокот. Оние кои сеуште не го доставиле подарокот во просториите на Црвен крст Охрид или на рецепцијата на хотел КАМ Village, ги замолуваме тоа да го направат најдоцна до 22.12.2022 (четврток) до 14 ч.
 
Доделувањето на новогодишните подароци на децата од ранливите категории ќе се реализира на предновогодишна забава, околу „ВОЛШЕБНАТА ЕЛКА“ во комплексот KAM Village на 24.12.2022 г. (сабота) од 12 ч.
< врати се назад