Хуманитарната акција на Црвен крст Охрид и KAM Village
Звонливите гласови на распеаните дечиња од детскиот хор при Културно-уметничкото друштво ЃЕРДАН ОД БИСЕРИ и детскиот хор БАМБИНО, со прекрасни изведби на новогодишни и божиќни песни, денес ја „оживеаја“ Волшебната елка поставена во комплексот KAM Village во рамки на хуманитарната акција на Црвен крст Охрид и KAM Village за исполнување на новогодишните желби на децата од социјално загрозените семејства од Охрид и Дебрца.
Волшебните лампиони во кои се напишани новогодишни желби на деца во социјален ризик уште 7 дена ќе ја красат „ВОЛШЕБНА ЕЛКА“ и ги очекуваат хуманите наши сограѓани да ги отворат и ги исполнат желбите на дечињата во социјален ризик.
Доделувањето на новогодишните подароци на децата од ранливите категории ќе се реализира на предновогодишната забава, околу елката во комплексот KAM Village која ќе се реализира на 24.12.2022 г. (сабота) од 12 ч.
Ги поттикнуваме и охрабруваме хуманите луѓе за учество во оваа хуманитарна акција.