април 14, 2023

Хуманитарна свирка

Во рамките на ЦКА – ПХВ циклусот за 2023 година една од групите која работи на социјален проект организира хуманитарна свирка на охридскиот кеј.
ПХВ ( Промоција на хумани вредности) е национална програма што се спроведува повеќе од 20 години и за цел има подигање на свеста, помагање на ранливите категории на население во заедницата, намалување на дискриминација и одржување на екологијата, односно да дејствува на сите сфери во општеството.
Групата која ја организира свирката има за цел да обезбеди финансиски средства за помош на 9-члено социјално загрозено семејство (со 6 деца) кое живее во лоши услови.
Сабота (15.04.2023)
14:00 часот
Кеј Македонија(пред кафе бар Mr. I)
Ги покануваме сите хумани граѓани да се придружат, да се забавуваат и заедно да придонесат кон подобрување на условите за живот на ова семејство
No photo description available.
 
 
 
 
< врати се назад