септември 19, 2018
Хуманитарна продажна акција
Во рамки на своите хуманитарни активности Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Охрид во соработка со компанијата Комфи Ангел од Прилеп организираше хуманитарна продажна акција на високо квалитетните производи на оваа реномирана компанија, која се реализираше на 18.08.2018 на плоштадот „Крушевска Република“ (Чинар). Во периодот од 9-17 ч. беа изложени познатите производи на Комфи Ангел, постелнини, перници, јоргани, душеци и др., а посетителите имаат можност истите да ги набават по симболични, промотивно-хуманитарни цени. Дел од средствата собрани од продажбата на производите се наменети за помош на ранливите категории на граѓани на Охрид.