април 24, 2020
Хуманитарна помош
Во текот на изминатава работна недела, екипите на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Охрид доставија хуманитарни пакети со прехранбени продукти и со средства за хигиена до домаќинства од Охрид и од околината, на кои, во овие тешки мигови, неопходна им е помош. Значителен број од хуманитарните пакети дистрибуирани неделава беа обезбедени од Михајло Филев и од вработените во ЈП „Охридски комуналец“.