април 22, 2021

Хуманитарна помош за Ковид центрите во Општа болница Охрид и ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања-“Свети Стефан” Охрид.

Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Охрид денеска донираше хуманитарна помош составена од 35 хигиенски пакети и две инвалидски колички за деца. Донацијата е наменета за Ковид центрите во Општа болница Охрид и ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања-“Свети Стефан” Охрид. Хуманитарната помош е обезбедена преку ЦКРСМ, Турската Црвена Полумесечина, во соработка со МТСП на РСМ.

< врати се назад