април 25, 2026

ХУМАНИТАРНА ДЕТСКА ПХВ БОЕНКА

Утре, со почеток од 12:30ч, во Ohrid Mall, една од овогодинешните ПХВ групи која работи на социјален проект со цел помагање во секојдневните потреби на самохрана мајка, организира хуманитарен настан каде најмладите преку боење и креативни активности ќе можат да се забавуваат, а воедно и да придонесат за хумана цел.

-26.04.2026 (недела)

-12:30ч – 14:30ч

-Ohrid Mall

Ве покануваме сите да дојдете и да ја покажете вашата хуманост! Заедно да помогнеме и да придонесеме кон подобрување на условите за живот на една самохрана мајка на која ѝ е потребна нашата поддршка.

#ЦрвенКрст#ЦрвенКрстОхрид#ЦКМлади#PHV2026

< врати се назад