ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА ЗА ПОМОШ НА БОЈАНА
Црвен крст Охрид најавува уште една хуманитарна акција за помош на нашата сограѓанка Бојана. Овојпат во соработка со Орифлејм Македонија, Тим Татјана 421-Охрид, во сабота, 19 октомври 2024, на градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“, Охрид, во периодот од 11 до 13 ч. Ве покануваме на дружење и забава, зачинета со хуманост.
Додека волонтерите на Црвен крст Охрид ќе ве забавуваат промовирајќи дел од своите креативни програми, за сите хумани посетители кои, според своите можности, ќе донираат за лекувањето на Бојана, тимот на Oriflame, ќе врши бесплатен скрининг на тело на Танита вага, со одредување на телесната тежина и комплетната здравствена состојба на организамот, како и целосна, професионална анализа-скрининг на кожата на лицето за чувствителност, брчки, акни, меланин, пори, со Апи апарат. Tatjana Kalajdziska
Средствата собрани од овој хуманитарен настан ќе бидат наменети за помош во лекувањето на нашата сограѓанка Бојана Танеска Бонеска.