
Хуманитарна акција во ЈЗУ „Психијатриска болница“ – Демир Хисар
На иницијатива на волонтерите од Клубот за грижа на стари лица „Најди време“ при Црвен крст Охрид , и оваа година беше реализирана хуманитарна акција во ЈЗУ „Психијатриска болница“ – Демир Хисар.
По минатогодишната донација која беше испратена, оваа година, на 02.04.2026 г., волонтерите за првпат ја посетија установата лично и однесоа донација од облека, ќебиња и постелнина , со цел да се придонесе кон подобри услови за престој и грижа за пациентите.
Групата „Најди време“ беше топло пречекана од страна на персоналот, при што се остварија и конструктивни разговори за идни иницијативи и можности за понатамошна соработка.
Во рамки на посетата, волонтерите го посетија и Црвен крст Демир Хисар, каде исто така беа срдечно пречекани.
Изразуваме искрена благодарност до раководството и персоналот на ЈЗУ „Психијатриска болница“ – Демир Хисар, како и до Црвен крст Демир Хисар, за отворената и успешна соработка. Ваквите активности претставуваат поттик за продолжување на хуманите мисии и зајакнување на партнерствата во заедницата .
На иницијатива на волонтерите од Клубот за грижа на стари лица „Најди време“ при Црвен крст Охрид , и оваа година беше реализирана хуманитарна акција во ЈЗУ „Психијатриска болница“ – Демир Хисар.












