јуни 9, 2018

Хуманитарна акција за Ева

Во текот на изминатите денови се одржаа голем број хуманитарни акции за собирање на финансиски средства за помош на 11 годишната Ева која боледува од леукемија и потребно е да и се изврши итен оперативен зафат за пресадување на коскена срж. Волонтерите  од  Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Охрид одржаа бројни хуманитарни свирки, собираа донации и на улиците во Охрид, а собирни каси на Општинска организација Охрид беа поставени во голем број маркети, кафулиња, ресторани.

< врати се назад