јули 7, 2022

Хуманитарено здравствено-промотивен и едукативен настан

Во рамките на своите здравствено-превентивни активности Црвен крст Охрид во соработка со
Орифлејм Македонија, Тим Татјана 421-Охрид, хуманитарен здравствено-промотивен и едукативен
настан на кој ќе биде претставена линијата за здрав живот.

Охридскиот тим на Орифлејм Македонија преку своите кратки корисни презентации за здрав живот, ќе ги понуди за дегустација производите од Wellness програмата, а ќе врши и мерење на Танита вага на која секој заинтересиран посетител, по промотивна и симболична цена ќе може да ја одреди својата телесна тежина и комплетната здравствена состојба на својот организам.

Настанот ќе се реализира на 10.07.2022 (недела) на пешачката патека Охрид-Горица, простор помеѓу Скејт паркот и „Куба Либре“ во периодот од 11-14 ч.

Програмата Wellness на Орифлејм ги поседува потребните сертификати и одобренија за квалитет и
здравствена безбедност.

Ве очекуваме да направете вистински чекор во грижа за своето здравје.

Средствата кои ќе се соберат на овој хуманитарно-здравствен настан ќе бидат наменети за помош во лекување на деца од социјално ранливите категории на граѓани од Охрид.

 

< врати се назад