јули 10, 2022

Хуманитарен здравствено-промотивен и едукативен настан во соработка со Орифлејм Македонија – Тим Татјана 421-Охрид

Во рамките на своите здравствено-превентивни активности Црвен крст Охрид во соработка со Орифлејм Македонија, Тим Татјана 421-Охрид организира хуманитарен здравствено-промотивен и едукативен настан на кој ќе биде претставена линијата за здрав живот. Охридскиот тим на Орифлејм Македонија преку своите кратки корисни презентации за здрав живот, ќе ги понуди за дегустација производите од Wellness програмата, а ќе врши и мерење на Танита вага на која секој заинтересиран посетител, по промотивна и симболична цена ќе може да ја одреди својата телесна тежина и комплетната здравствена состојба на својот организам.
Настанот ќе се реализира на 10.07.2022 (недела) на пешачката патека Охрид-Горица, простор помеѓу Скејт паркот и „Куба Либре“ во периодот од 11-14 ч.
Програмата Wellness на Орифлејм ги поседува потребните сертификати и одобренија за квалитет и здравствена безбедност.
Ве очекуваме да направете вистински чекор во грижа за своето здравје.
May be an image of text that says "црвен KpCT VỆ PARU блика северна + ORRN општинска организацила ORIFLAME MK тим TATJAHA 421-охрид ве поканува на хуманитарен здравствено едукативен настан направете вистински чекор, BO грижа за своето здравје Welhess презентација на: WELLNESS производи линија за здрав живот танита ваîа 10.07 .2022 недела, 11- -14 ч. CkejT парк- куба либре за само 100 денари можете да ja утврдите здравствената состоба на CBOjOT организам средствата собрани од овваа акција ke бидат наменети за помош во лекуване на деца од социално загрозени семества."
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад