декември 30, 2024

Хуманитарен предновогодишен настан „Новогодишен сон“

Во овој радосен декември, месец на дарување, Црвен крст Охрид во соработка со Општина Охрид организираше хуманитарен предновогодишен настан „Новогодишен сон“, кој имаше за цел да ја поттикне креативноста, хуманоста и солидарноста кај децата од основните училишта, но и возрасните волонтери на Општинска организација Охрид, преку изработка на најразлични новогодишни украси и предмети кои беа истакнати за продажба.

🎁Средствата собрани од оваа хуманитарна продажна акција беа наменети за разубавување на Новогодишните празници на семејства во социјален ризик во Охрид на коишто во текот на изминатата недела им беа поделени хуманитарни пакети со прехранбени продукти и со средства за хигиена.

< врати се назад