април 24, 2026

ХУМАНИТАРЕН ПХВ МАЛ ФУДБАЛ ТУРНИР

Оваа сабота, на 25.04.2026, со почеток од 13:30ч, во салата на ООУ „Григор Прличев“ – Охрид, една од овогодинешните ПХВ групи која работи на социјален проект со цел помагање на секојдневните потреби на самохрана мајка, организира хуманитарен мал фудбал турнир.

-25.04.2026 (сабота)

-13:30ч

-Сала – ООУ „Григор Прличев“ – Охрид

-ВЛЕЗ: 50 ДЕНАРИ

Ве покануваме сите да дојдете на овој хуманитарен турнир и да ја покажете вашата хуманост! Заедно да помогнеме и да придонесеме кон подобрување на условите за живот на една самохрана мајка на која и е потребна нашата поддршка.

< врати се назад