
април 3, 2026
ХУМАНИТАРЕН ПХВ КОНЦЕРТ
На 05.04.2026 (недела) со почеток од 14:00 часот, на плоштадот „Св. Климент Охридски“, ПХВ групата „FRIENDS“ организира хуманитарен концерт со цел собирање финансиски средства за реновација на простор во ООУ „Дебрца“, кој ќе биде пренаменет во подрачна канцеларија на Црвен крст Охрид.
- 05.04.2026 (недела)
- 14:00 часот
- Градски плоштад – „Св. Климент Охридски“
На концертот ќе настапи бендот на Клубот на млади при Црвен крст Охрид – „HUMANE-ХУМАН“, кој веќе 2 години активно делува во рамките на клубот.
Настанот е поддржан од Shilla – Coffee & Bar, кои ќе имаат свој штанд со продажба на свежо цеден сок од портокал.
Дојдете, забавувајте се и бидете дел од уште една хуманитарна приказна!





