април 5, 2026

ХУМАНИТАРЕН ПХВ КОНЦЕРТ

Денеска, на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“, ПХВ групата „FRIENDS“ организираше хуманитарен ПХВ концерт со цел собирање финансиски средства за реновација на простор во ООУ „Дебрца“, кој ќе биде пренаменет во подрачна канцеларија на Црвен крст Охрид.

На концертот настапи бендот на Клубот на млади при Црвен крст Охрид „HUMANE-ХУМАН“, кој се претстави со нов репертоар и придонесе за одлична атмосфера и позитивна енергија меѓу присутните.

Настанот беше дополнително збогатен со поддршката од Shilla – Coffee & Bar, кои поставија свој штанд со продажба на свежо цеден сок од портокал, овозможувајќи освежување за сите посетители.

Покрај тоа, уште една ПХВ група постави освежителен штанд со здрава храна, по повод одбележувањето на 7 април – Светскиот ден на здравјето, со што се промовираа здрави животни навики.

Особена благодарност упатуваме до Shilla – Coffee & Bar за нивната поддршка, ангажман и придонес кон успешната реализација на настанот.

< врати се назад